За нас

Регистрирани 30.06. 2006 година, Дебар. Здружението Радика-ДЕ веќе десетина години работи на акции поврзани со подобрување на квалитетот на живеење на луѓето од регионот. Мотивирани од потребата граѓански активизам и ублажување на многуте проблеми и потреби,нашиот тим со голем ентузијазам на волонтерска основа имплементира многу активности од областа на човекови права, образование, родова еднаквост и сл. Реализираме многу социо-економски и културни активности со кои од година во година сме се повеќе препознатливи во регионот. Работиме тимски, одговорно и постојано сме меѓу целните групи (претежно млади и жени -посебно од руралните средини на регионот).

Нашата визија е Развиен Дебарско -Рекански регион на социо-економски,образовен и културен план. Имаме постигнато видни резултати на полето на едукација,еманципација, и промоција на културните вредности во Дебарско Реканскиот и пределот Жупа. Наша мисија е заштита и унапредување на правата на граѓаните,подигнување на јавната свест за подобрување на квалитетот на живеење , поддржување на здравствено,социо-економски и друг вид на иницијативи. Промовирање на култура и традиција и економско јакнење на жените.

Како главни конституенти во нашето досегашно работење ни се јавуваат младите и жените од руралните средини на општините Дебар,Маврово Ростуше и Центар Жупа. Со младите работиме на активности од областа на образование, култура, човекови права, додека со жените работиме на активности поврзани со еманципација, родова еднаквост, негување и промоција на традиција и култура, економски активности и сл.

Области на делување: човекови права, култура, рурален развој и родови прашања.

Партнери

Проектите се финансирани од ФООМ, ЦИРА, Македонски центар за европско образование, Македонски центар за меѓународна соработка,Организација ХОРУС Скопје, а соработници и партнери се: Акција Здруженска, национален совет за родова еднаквост- СОЖМ, Занаетчиска Комора-Скопје, Зонта Клуб-Скопје, а како спонзори се јавуваат повеќе бизнис компании на локално и национално ниво,а во рамките на здружението активно работи и фолклорната група Радика Фолк со која учествуваме на повеќе меѓународни и домашни фестивали меѓу кои Грмен и Крџали-Република Бугарија, и во соработка со реканската дијаспора учествувавме во последниот фолклорен фестивал во Равена Република Италија спонзориран од ХИСАР ТУРИЗАМ СКОПЈЕ и нашите иселеници од дијаспората.

Контакт

MapLocation

ул. Џавит Уштеленца бр.2 Дебар, Македонија

Mail

E-маил:radikade@yahoo.com

Contact

Телефон: 046/832-778
Факс: 046/842-024